Познатиот американски новинар, Бил Симонс очекува Леброн Џејмс да се пресели во Далас кај Лука Дончиќ.
Навистина едно вакво сценарио изгледа неверојатно, но не треба да се заборави и дека Симонс во 2018 година прв прогнозираше дека Леброн ќе заигра за Лејкерс што подоцна и се случи.
Прогнозата доаѓа кога Далас е во незавидна позиција и е многу блиску да го пропушти плеј-офот, иако во своите редови покрај Дончиќ го доведе и Кајри Ирвинг.