Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, не успеа да го доигра натпреварот со Феникс санс од првото коло во плеј-офот во НБА-лигата. Гостите победија со 100:92, а Дејвис играше само во првото полувреме.
Според новинарот на „ЕСПН“, Стивен Смит, еден од најдобрите играче на ЛА лејкерс, има истегнување во мускулите на препоните. Тежината на повредата сè уште не е позната.
Дваесет и осумгодишниот играч натпреварот за 19 минути на теренот постигна шест поени, четири скока и три асистенции.
Резултатот е 2:2 во серијата прв до четири победи.