Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево со почеток од 17 часот го игра дуелот од 15. коло во АБА лигата, а во Скопје гостува Игокеа, една од двете екипи против кои „металците“ имаат победа сезонава.
Во дуелот од 4. коло, МЗТ Скопје победи со 108:99.
На денешниот дуел, тренерот Жељко Лукајиќ ќе може да смета на Марко Симоновски, а и овој натпревар ќе го „прескокне“ Дарко Соколов.
МЗТ Скопје е последен во АБА лигата со две победи и 12 порази, додека Игокеа има 5 победи и 9 порази.
Покрај овој дуел денеска се играат и дуелите: Олимпија – Мега и ФМП – Морнар, додека во првиот дуел од оваа рунда синоќа Партизан го совлада Задар со 95:87.