Еден од најдобрите НБА играчи, Леброн Џејмс предизвика кошаркарски земјотрес по објавата дека од Кливленд преминува во Лос Анџелес Лејкерс.
-Му благодарам на североисточно Охајо за неверојатните четири сезони. Ова секогаш ќе биде мојот дом, кусо напиша Леброн на Инстаграм не потврдувајќи дали заминува во ЛА Лејкерс.
Сепак, за трансферот за кошаркарот медиумите добиле потврда од менаџерската компанија која го застапува.
Од таму соопштиле дека се работи за четиригодишен договор според кој Џејмс ќе заработува дури 154 милиони долари.
Џејмс родното Охајо го напушта по втор пат во кариерата, сега како слободен играч бидејќи договорот со Кливленд му истече по завршувањето на сезоната 2017/2018.
Обидите на управата да го задржат не вродија во плод, бидејќи на адресата на четирикратниот МВП на лигата стина понуда која Леброн не можел да ја одбие.
Па така, за прв пат во историјата на НБА се случува најдобриот стрелец во плејофот, веднаш по завршувањето на првенството да премине во нов клуб.