среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познат НБА кошаркар уапсен за поседување на марихуана

Познат НБА кошаркар уапсен за поседување на марихуана

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кенет Фарид беше уапсен во неделата откако беше обвинет за поседување на марихуана. Тој бил уапсен во Бриџхемптон, државата Њујорк, а според властите имал во себе повеќе од 56 грама марихуана. Поранешниот играч на Денвер бил на задното седиште на автомобил кој бил запрен за рутинска проверка.

По настанот, Фарид беше ослободен за гаранција од 500 долари. Светскиот шампион со САД од Шпанија 2014 пристигна во Бруклин Нетс по седум години како дел од Денвер Нагетс. Договорот беше остварен порано во текот на летото, кога Фарид и Дарел Артур, како и избор во првиот круг на Драфтот во 2019 година и таков во вториот круг во 2020 година, беа разменети за Ајзеа Вајтхед.

Фарид има 441 натпревари за Нагетс, а во нив забележува просек од 11.4 поени, 8.2 скока и 1.0 асистенции. (МИА)