Селекторот на словенската кошаркарска репрезентација, Александар Секулиќ го објави списокот од 12 кошаркари на кои ќе смета на престојното Светско првенство кое е на програмата од 25. август до 10. септември и ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Лидерот на Словенците ќе биде НБА ѕвездата Лука Дончиќ, а покрај асот на Далас ќе застанат и Јака Блажиќ, Јакоб Чебашек, Жига Димец, Зоран Драгиќ, Грегор Глас, Грегор Хорват, Алексеј Николиќ, Бине и Клемент Препелиќ, Жига Самар, а изненадувачки меѓу патниците се најде и Мајк Тоби, натурализираниот Словенец кој не беше дел од подготовките, но ќе го земе местото на Џордан Морган.
Словенците на собирот на најдобрите светски кошаркарски репрезентации ќе настапат ослабени со оглед на тоа што во тимот нема да бидат стандардните репрезентативци Едо Муриќ и Влатко Чанчар. Дел од тимот нема да биде и Горан Драгиќ кој стави крај на репрезентативната кариера.