Македонската машка кошаркарска репрезентација го игра клучниот мини-турнир за пласман на Европското првенство во 2022 година, а најмалдиот во тимот Теодор Симиќ ќе чека шанса да дебитира, на само 17 години.
Кошаркарот на Барселона од минатата недела е во Скопје, а денеска присуствуваше а на првиот тренинг од подготовките за „балонот“ во Перм.
Симиќ ги пренесе своите први впечатоци од новото друштво во кое очекуваме да биде во следните 15-20 години.
„Ме изненади повикот на селекторот во А репрезентацијата. Подготвен сум да го дадам максимумот, и да го оправдам повикот, иако сум најмал во оваа репрезентација Нормално е да чувствувам трема, но позитивна и се надевам дека таа трема нема да се одрази на играта во Перм, ако бидам во комбинација за настап“, изјави Симиќ на стартот од подготовките.