среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Србија и Германија во борба за кошаркарскиот трон на Мундобаскетот

Србија и Германија во борба за кошаркарскиот трон на Мундобаскетот

Кошаркарските репрезентаии на Србија и Германиј ќе се сретнат во финалето на Светското првенство во кошарка кое во изминатиот период се играше во Филипини, Јапонија и Индонезија.

И покрај отсуството на своите први две ѕвезди Никола Јокиќ и Василије Мициќ и големото потценување на Светислав Пешиќ, Србите сепак успеаја да стигнат до финалето и покрај сите очекувања.

За противник Србите ќе ја имаат Германија која е репрезентација која убедливо највеќе покажа на овој шампионат. Само еден слаб натпревар, оној во четвртфиналето против Летонија и максимален учинок на шампионатот на кој се очекува да испишат историја и да стигнат до својот прв трофеј.

Натпреварот кој ќе го даде новиот светски шампион е со почеток во 14.40 часот, а од 10.30 САД и Канада ќе играат за бронзата.