Бекот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари стана кошаркар со најмногу постигнати тројки во историјата на НБА лигата.
Тој на синоќешниот натпревар против Никси во Њујорк ја реализираше 2974 тројка и така го надмина досегашниот рекорд на Реј Ален.
За овој учонок на Кари му беа потребни „само“ 798 натпревари, додека на Ален му беа потребни 1300 мечеви.
На третата позиција се наоѓа Реџи Милер, кој постигна 2560 тројки на 1389 средби во најсилната кошаркарска лига на светот. Веднаш по рекордот Ален му честиташе и го прегрна Ален за овој неверојатен успех.
Máximos anotadores de triples en la historia de la NBA:
1 – Steph Curry: 2974 triples | 788 partidos | 43 3P%
2 – Ray Allen: 2973 triples | 1300 partidos | 40 3P%
3 – Reggie Miller: 2560 triples | 1389 partidos | 39 3P%No hay punto de comparación. El mejor de la historia. pic.twitter.com/EMA9aRgLeA
— Sexto Hombre (@6toHombreLATAM) December 15, 2021
Steph Curry hugs Ray Allen after breaking his three-point record 🙌 pic.twitter.com/XsKci7cmLv
— NBA TV (@NBATV) December 15, 2021
Кошаркарот на Вориорси уфрлил барем една тројка на 157 натпревари по ред, потоа отите на клупата за резервни играчи и заплака. Во победата на Голден Стејт од 105:96 Кари постигна 22 поени, на спротивната страна за Никси Џулиус Рендл запиша 31 поен и седум скокови.
НБА лига, резултати –
Бруклин нетс – Торонто репторс 131:129, 120:120 (по 1. продолжение)
Њујорк никс – Голден Стејт вориорс 96:105
Чикаго булс – Детроит пистонс (одложено)
Портланд Трејл блејзерс – Феникс санс 107:111
Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO