понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Во Бостон секогаш е тешко

Во Бостон секогаш е тешко

Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс беше задоволен по ноќешниот триумф над Бостон и најави голема борба на петтиот дуел од финалето во Источната конференција.

– Секогаш е тешко да се игра во Бостон. Таму навивачите прават пеколна атмосфера и мора многу да се залагаме ако сакаме да победиме. Доколку играме како на двете средби кај нас, имаме шанси за брејк. Селтикс во овој плејоф немаат пораз на домашен терен и играат со голема самодоверба. Ние мора на теренот да бидеме цврсти и на физички и на психолошки план, истакна Леброн.

„Кралот“ четвртиот меч го заврши со 44 поени, што е шести пат во плејофот оваа сезона да има преку 40 поени, достигнување кое во минатото го имал само Алан Ајверсон во 2001 година.