вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Американската скијачка Шифрин со рекорд го закити триумфот на слаломот во Леви

Американската скијачка Шифрин со рекорд го закити триумфот на слаломот во Леви

Микаела Шифрин е победничка во слаломот во рамките од Светскиот куп во Леви. Американката стигна до својата 75 победа на Светскиот куп славејќи за 16 стотинки пред Швеѓанката Ана Свен Ларсон.

За американската скијачка ова беше нејзина 67 победа во дисциплината и со тоа го собори рекордот по број на победи во една дисциплина што го држеше Линдзи Вон.

Словачката Петра Влхова го освои третото место со 20 стотинки зад Шифрин. Лена Дуер од Германија, најбрзата по првото возење, заврши на четвртата позиција (+0,075).

Во недела во Леви е закажан уште една слаломска трка.