вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Додека колегите играат во Шангај, Надал со гребло и гумени чизми чисти во Мајорка

ФОТО: Додека колегите играат во Шангај, Надал со гребло и гумени чизми чисти во Мајорка

Светската тениска елита се наоѓа на Мастерсот во Шангај, но во Кина не е најдобриот, Рафаел Надал. Шпанецот вчера им помагаше на мештаните во Мајорка чии имоти беа уништени од големото невреме што го зафати регионот.

Надал со гумени чизми, и лопата во рака, работеше рамо до рамо со останатите кои се вклучија во расчистувањето.

Очигледно, повредата која не му дозволи да настапи во Шангај, не беше пречка Надал да се приклучи на погодените од поплавите во Мајорка.