Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска против Русија ќе го заврши настапот на Европското првенство 2021 година за одбојкари.
Во групата која се игра во финскиот град Тампере нашите најдобри одбојкари во првите четири натпревари запишаа ист број на порази, а шансата за триумф беше прокоцкана на мечот против Шпанија, репрезентација која беше најблиску до нашиот квалитет.