четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонската одбојкарска репрезентација го отвара Европското првенство со натпреварот против Финска

Македонската одбојкарска репрезентација го отвара Европското првенство со натпреварот против Финска

Македонската одбојкарска репрезентација својот прв натпревар на претстојното Европско првенство ќе го игра против кодомаќинот Финска, соопшти денеска Европската одбојкарска федерација, објавувајќи го комплетниот распоред за завршниот турнир што ќе се одржи од 1 до 19 септември.

Својот премиерен настап македонските одбојкари ќе го играат на отворањето на Европското првенство, на 1 септември во Тампере со почеток од 19 часот.

Во второто коло македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот.

Домаќините на Европското првенство се Финска, Естонија, Полска и Чешка.

Натпреварите од осминафиналето и четвртфиналето ќе се играат во Гдањск и Острава, додека завршниот дел ќе се игра во Катовице. (МИА)