Легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, пред речиси десет години доживеа несреќа на скијање и оттогаш никој не го видел, освен неколкумина лекари и најблиските.
А, оние што го виделе, ретко зборуваат за него поради забраната од неговото семејство, па неговата здравствена состојба, на некој начин, стана вистинска мистерија и секој збор што ќе се појави за него е донекаде корисен за сите обожаватели, кои сакаат за слушнат нешто за него.
Сега, новинарот што ја следи Формула 1, Роже Беноа, инаку близок пријател на семејството Шумахер, зборувајќи за швајцарскиот таблоид „Блик“, откри нови детали, кои се доста загрижувачки. Сите се надевавме дека наскоро ќе пристигнат позитивни вести за големиот шампион, но наместо тоа, доаѓаат зборови што внесуваат загриженост.
– Тоа е безнадежен случај – изјави Беноа Роџер, а тие четири збора беа доволни сите да разбереме за што, всушност, се работи и зошто не дозволува семејството никој да се зближи со Михаел.
Постои само еден одговор на ова прашање, а тоа е она што го дал неговиот син, Мик, во едно од своите ретки интервјуа, кога рекол: „Би дал сè за да можам да разговарам со тато“. Оваа реченица кажува сè за тоа како е неговиот татко повеќе од 3.500 дена – кажа новинарот и близок пријател на семејството.