четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Опасна операција го крева Шумахер на нозе?

Опасна операција го крева Шумахер на нозе?

Иновативна, но многу ризична операција може да го врати Михаел Шумахер во нормала. Надежта ја даде познатиот француски доктор д-р Филип Менаше, според кој легендарниот пилот во Формула 1 може да се врати на нозе. Седумкратниот шампион е во кревет 6,5 години по инцидентот при скијање. Германецот долго време беше во кома и претрпе неколку операции на мозокот.

Оттогаш, тој се нема појавено во јавноста и се опоравува во неговиот дом во Швајцарија. Тој е свесен за работите што се случуваат околу него, но не е во состојба да се движи. Сепак, иновативниот третман може да го промени тоа.

Според некои извори, операцијата ќе се изврши во париската болница „Жорж Помпиду“, но точниот датум сè уште не е јасен.

– Можеме целосно да го опоравиме неговиот нервен систем. Ќе земеме крвни садови од неговото срце и ќе ги всадиме во неговиот мозок. Операцијата е многу ризична и никој не може да даде целосна гаранција за нејзиниот успех“, објасни д-р Менаше, водечки кардиолог и експерт за матични клетки.

Токму тој се справи со процедурите за трансплантација на матични клетки, на која Шумахер се подложи минатото лето.