Американката Микаела Шифрин вчера во Земеринг ја забележа 36. слаломска победа во Светскиот куп и стана најуспешна скијачка во оваа алпска дисциплина.
· Неверојатно во секоја смисла, е реакцијата на Шифрин.
Досегашниот рекорд со 35 победи беше сопственост на Марлис Шилд.
· Таа беше мој идол заедно со Боди Милер. Кога бев мала сакав да станам најдобра на светот, да бидам како Марлис. Немаше да стигнам до овој резултат ако не беше таа. Ова ќе биде нејзин рекорд засекогаш, потенцира американската скијачка.
Покрај рекордот во слалом, Шифрин е првата во Светскиот куп која забележала 15 победи во една календарска година.