Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите членови, од играчите па се до возачите и хигиеничарките.
Одлуката ја соопштил генералниот менаџер на клубот Павел Астакјов, кој даде објаснување за санкцијата. Раководството на Химки смета дека тимот никогаш не бил посилен според имињата и поради тоа било недозволиво таква екипа да бележи толку лоши резултати.
Химки добро ја почна сезоната во Евролигата, но потоа следуваше лош период и во моментов се на 7.место со девет победи и седум порази.
Следниот натпревар рускиот тим во Евролигата ќе го игра в петок (12 јануари) на домашен терен против Реал Мадрид.