понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија пред шанса за настап на СП во ракомет, репрезентацијата на САД има 18 ковид позитивни случаи

Македонија пред шанса за настап на СП во ракомет, репрезентацијата на САД има 18 ковид позитивни случаи

ИХФ е на мака, ракометната репрезентација на САД има 18 позитивни случаи на Ковид-19 и тоа на ден пред официјалниот почеток на Мундијалот во Египет.

Американците не се откажуваат од настап на светското првенство, селекторот Роберт Хедин најави дека ќе допатуваат во Египет со 12 играчи само да не го пропуштат настапот на Мундијалот.

Хедин е исто така позитивен на коронавирус, ИХФ треба да реши што со актуелната ситуација, Македонија е прва резерва и се надева на повик во „пет до дванаесет“.

САД се дел од групата Е на светското првенство а противници им се селекциите на Франција, Норвешка и Австрија.