петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Начевски и Николов главни судии на неделното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар

Начевски и Николов главни судии на неделното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар

Maкедонската ракометна федерација ги објави судиите за претстојното осмо коло од Суперлигата во кое се игра дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Големото дерби ќе им припадне на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а се игра во Битола в недела од 18:00 часот.

Исто така Начевски и Николов не судеа во минатогодишното дерби на 24. март во кое имаше и инциденти со публиката, но беа на теренот во Битола на 6. мај кога Еурофарм Пелистер ја запиша најважната победа за освојување на титулата.