Шпанскиот ракометен гигант Барселона се соочува со проблеми пред гостувањето кај Веспрем во Лигата на шампионите.
Блаж Јанц и Тимот Н’Гесан нема да патуваат со тимот во Унгарија. Причината се повреди здобиени за време на Мундијалот во Египет. Во последен момент и Дика Мем се пожали на болки во скочниот зглоб, па и тој ќе биде поштеден .
Добра вест за Чави Пасквал е состојбата со Арон Палмарсон и Лука Циндриќ. И двајцата ќе се опорават и ќе ѝ помогнат на екипата во соочувањето со унгарскиот гигант.
Барса и натаму е без пораз во досегашниот дел од сезоната. Веспрем стои на второто место во групата Б, со шест победи и по едно реми и пораз.