недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЖРК Куманово третпат во историјата до трофејот во женскиот ракометен Куп на Македонија

ЖРК Куманово третпат во историјата до трофејот во женскиот ракометен Куп на Македонија

Женската ракометна екипа на Куманово третпат во својата историја стигна до трофејот од Купот на Македонија, откако во финалето кое се одигра во Охрид го совлада Вардар со 32-31.

Вардарки очигледно беа исрпени со синоќешната победа над шампионот на Македонија, Ѓорче Петров, па денес немаа доволно сили да направат уште едно изненадување и да го совладаат и Куманово, кој вчера не го одигра полуфиналниот натпревар, откако екипата на Металург се откажа од учество во завршницата на Купот на Македонија.

Куманово во поголемиот дел од натпреварот имаше контрола над резултатот, додека Вардар постојано бркаше резултат и се обидуваше да остане во игра. Кумановки на полувремето имаа предност од 15-12.

Најефикасна на натпреварот беше бразилската интернационалка во дресот на Куманово, Андреза Алмеида со 11 голови.

За Куманово ова е трет трофеј од Купот на Македонија, откако претход победуваше во 2019-тата и 2021-вата година. На спротивната страна Вардар останува на 6 трофеи, од кои последниот е освоен во 2018-тата година. Кометал ЃП уште долго ќе остане најтрофејна екипа со 16 пехари од ова натпреварување.