вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанија: Сè почести гласините за Баша за иден шеф на државата

Албанија: Сè почести гласините за Баша за иден шеф на државата

На сè почестите гласини дека доскорешниот лидер на опозициските демократи Љуљзим Баша, ќе биде кандидат за нов претседател на Албанија, се чини им стави крај Еди Рама, лидер на владејачките социјалисти и актуелен премиер.

По седницата на партиското Собрание, Рама пред новинарите ги коментираше гласините за новиот претседател, велејќи дека Љуљзим Баша со гласовите на ова мнозинство може да стане претседател на Републиката колку што Сали Бериша може да ја добие наградата Оскар.

-Љуљзим Баша може да стане претседател на Републиката со гласовите на ова мнозинство, толку многу, колку што, Сали Бериша, може да ја добие наградата Оскар, рече тој.

Реакција дојде и од Сали Бериша. На новинарско прашање дали ќе гласа за Баша за претседател на државата, тој со замолница до новинарите „дали може да не се шегуваат повеќе“.

Последните денови се почесто се споменува името на Баша како кандидат за нов претседател на државата, пред сè поради големата поддршка, како политичар, што ја ужива од американската амбасада. Дел од аналитичарите сепак сметаат дека оваа вест ја пласирал лично тој или неговите поддржувачи, но не ја отфрлаат можноста тој сепак да биде кандидат.

Парламентот процедурата за избор на нов претседател, официјално треба да ја почне на 24 мај и во рок од седум дена треба да се одржи гласањето. Мандатот на актуелниот претседател Илир Мета завршува на 24 јули.