понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Баша: Штетата за Албанија од меѓународните арбитражи е 450 милиони евра

Баша: Штетата за Албанија од меѓународните арбитражи е 450 милиони евра

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша објави, како што наведува, дел од неуспесите на владата на премиерот Еди Рама во последните 8 години владеење.

Според Баша, еден од нив е износот на средства што треба да се исплатат на изгубени случаи на арбитражниот суд, поради што албанските даночни обврзници ризикуваат да платат 450 милиони евра.

-Која е сумата што албанските даночни обврзници ризикуваат да ја платат на меѓународните арбитражи? Одговорот е 450 милиони евра. Потенцијалната штета од арбитражите е 450 милиони евра, напиша Баша на социјалните мрежи.

Последователен неуспех на владата на Рама, додава Баша, е безнадежноста на младите кои масовно ја напуштаат земјата, посебно посочувајќи го податокот дека 94 отсто од младите кои студираат надвор од земјата не сакаат да се вратат во Албанија.

-Колкав е процентот на млади луѓе кои студираат во странство и не сакаат да се вратат во Албанија? Одговорот е 94 проценти. Одливот на мозоци е голема загриженост, бидејќи земјата ја губи највиталната сила на општеството и економијата, напиша Баша.

Тој уште и со обвинување дека Албанија има најниска минимална плата во Европа, што го „потврдува и Евростат“.