Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, Божик ќе го прослави во Белград.
Ципрас денеска ќе допатува со своето семејство во приватна посета на Белград, а на покана на Александар Вучиќ, кој ќе го угости него и неговото семејство за време на Божикните празници.
Грчките медиуми објавија дека ова е првпат Ципрас, откако стана премиер, да го прослави Божик надвор од земјата.
За првпат Ципрас го посети Белград во февруари оваа година, а на почетокот на декември тој присуствуваше на состанокот на српскиот претседател Александар Вучиќ со премиерите на Бугарија, Грција и Романија.