четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Црвена зона во делови од Грција, на овие места се воведува полициски час

Црвена зона во делови од Грција, на овие места се воведува полициски час

Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, грчкиот остров Закинтос и градот Ханија на Крит од утре влегуваат во црвената зона и се воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките ќе бидат во сила една седмица, односно до 13 август 2021 година, а полицискиот час ќе биде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, додека пак музиката ќе биде забранета во текот на целиот ден.

Дополнително, како што соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, забрането е организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.  (МИА)