четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дедото ја обвинува мајката за новогодишната трагедија во која изгореа две деца (ФОТО)

Дедото ја обвинува мајката за новогодишната трагедија во која изгореа две деца (ФОТО)

Пожарот во кој настрадаа двегодишно момче и неговата една година помала сестричка во српското село Породин избил поради краток спој на радиото, кое било вградено во креветот- покажуваат неофицијалните резултати од истрагата, пишува српски „Блиц“.

Децата биле на креветот кога дошло до краток спој во радиото. Пламенот брзо го зафатил креветот и за несреќните деца немало спас, дознава „Блиц“. Мајката Милица, која наводно била во другата соба,   не можела да се доближи до децата.

Истрчала од куќата и отишла до најблиските соседи, кои повикале пожарникари, За жал, за несреќните деца немало спас.

Телата на двете деца се уште се на обдукција во Општата болница во Пожаревац. Иако официјални податоци нема, сомнежот е дека момчето и девојчето се загушиле. Нивните тела ги пронашле пожарникарите, откако го локализирале пожарот.

-Ги сакав тие деца повеќе од што можете да замислите. Ангели мои, вратете се, дедо сака да си игра со вас. Кој сега мене ќе ме буди секое утре и ќе вика „дедо, дедо“? Како ќе живеам јас без моите ангели, вели низ солзи за српските медиуми Мирослав Драганиќ, човекот во чија куќа изгореа двете деца.

Тој по трагедијата, за смртта на децата ја обвини својата снаа, бидејќи кога видела оган трчала да бара помош, „а не да ги спасува децата“. Меѓутоа, несреќната жена раскажува дека во тој момент била во другата соба и дека од оганот не можела д аим пријде на децата.

-Која мајка не би скокнала во оган за своите деца?, вели дедото Мирослав за белградските медиуми.

Тој ја обвинува Милица дека до пожарот дошло поради нејзина грешка.

-Милица знаееше да става нафта во шпоретот, за подобро да грее. И велев да не го прави тоа, дека ќе ја запали куќата, но не слушаше, ја обвинува Мирослав својата снаа.

Мајката се опрости со фотографија на друштвените мрежи

Милица Јремиќ, мајка на настраданите момче и девојче, вчера не сакаше да разговара со новинарите, а од своите деца се опрости со фотографија која ја објави на социјалните мрежи.

-Нашите среќи, љубов на мама и татo, почивајте во мир. Нека ве чува драгиот Бог и на оној свет, напиша Милица под фотографијата со сопругот и двете деца.