Големиот пожар на автопатот А3 во Хрватска за среќа поминал без човечки жртви. Полицијата наведува дека штетата се проценува на над 132.000 евра.
На автопатот се запали камион кој превезувал користени автомобили со словенечки регистерски ознаки.
-По разговор со очевидци утврдено е дека до пожарот дошло откако пукнала гумата на приклучното возило и дошло до триење со коловозот. Од искрењето настанал пожар кој брзо се проширил и ги зафатил и автомобилите кои целосно изгореле, велат од полицијата.
Пожарот бил локализиран во 12:40 часот, а во периодот на интервенција сообраќајот бил во прекин.