На улицата „Рузвлетова“ во Белград број 55 се слушнало пукање во кое едно лице настрадало, а две се тешко повредени.
Како што пишуваат српските медиуми, Небојша С. (30) добил отказ од работното место пред неколку дена.
Револтиран, дошол во просториите каде што некогаш работел и почнал на пука. Како што велат од МВР, тој испукал неколку куршуми во двајца работници, а третиот скокнал низ прозорец.
Напаѓачот успеал да побегне и се упатил кон својот стан каде што се обидел да се самоубие. Пронајден е во станот со тешки повреди.