недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ЕК: Босанските лидери да покажат подготвеност за компромиси

ЕК: Босанските лидери да покажат подготвеност за компромиси

Политичките лидери на Босна и Херцеговина мора да преземат одговорност и да покажат подготвеност за компромиси, пред се околу измените на изборната рамка, што би се обезбедиле правилна организација и спроведување на изборите во октомври, се наведува во Извештајот на Европската комисија за наредокот на БиХ кон ЕУ.

Комисијата препорачуав доследно спроведување на реформската агенда, нагласувајќи дека како последица на тензиите меѓу партиите од владината коалиција и опструкцијата на опозцијата, невзоможемо е усвојување на повеќе закони од овој пакет, што довело до успоривање на темпото на реформи.

Според ЕК, и покрај одреден напердок во сферата на правосудството, одредени членови од Уставот на БиХ и натаму се во спротивност со Европската конвенција за човекови права, посебно во делот на правата на припадниците на малцинските етнички заедници.

– Механизмите за координација на прашањата поврзани со ЕУ почнаа да функционираат од јуни 2017 година, со подготовките на одговорите на Прашалникот на Европската комисија, но се уште не е усвоена национална програма за усогласување на законите со законодавството на ЕУ, оценува Комсијата.

Во извештајот се препорачуваат реформи во јавната администрација и се апелира на запирање на натамошната фрагменатција на државните служби на ентитетско и кантонално ниво, бидејќи на тој начин се зголемуваат ризиците од политизација.

Комисијата предлага и ревизија на Крвичниот законик на БиХ во согласност со меѓународните стандарди со цел зајакнување на институциите во борбата против организираниоот криминал и корупцијата и почитувањето на владењето на правото.

Во извештајот се препорачува и дека БиХ „допрва треба да се усогласи со заедничката надворешна и бебзедносна политика на ЕУ“.

БиХ на патот кон ЕУ во моментов е во фаза кога очекува мислење на Европската комисија по нејзината апликација за членство во Унијата.

МИА