среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ЕУ го усогласи текстот за визна либерализација за Косово

ЕУ го усогласи текстот за визна либерализација за Косово

Земјите -членки на Европската унија (ЕУ) постигнале согласност околу конечниот текст за визна либерализација за Косово, според кој укинувањето на визниот режим влегува во сила кога Европскиот систем ЕТИАС ќе биде целосно функционален или најдоцна до 1 јануари 2024 година, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на добро упатени извори.

Според информациите, учесниците на состанокот, инаку експерти од земјите -членки, го прифатиле барањето на Шанија крајниот датум да не се поклопува со претседавњето на оваа држава со ЕУ.

Шпанија е една од земјите-членки на ЕУ која не ја призна независноста на Косово, поради што бараше датумот за визна либерализација да не се поклопи со нејзното претседателство од 1 јули до 31 декември 2023 година.

Ова е причината зошто Шпанија беше една од државите што на 16 ноември ја запреа т.н. тивка постапка кога требаше да се усогласи претходниот текст според кој визната либерализација на Косово требаше да стапи на сила на 1 декември 2023 година.

Чешкото претседателство со ЕУ и понатаму се обидува да ги заврши сите потребни легислативни за ова прашање до крајот на оваа година. Бидејќи текстот е усогласен, тој, како што се дознава, че биде усвоен од амбасадорите на земјите -членки на ЕУ на состанокот што ќе се одржи на 23 ноември.

Планирано е дека ова прашање да биде под т.н. „точка А“, која вклучува автоматско усвојување на текстот без претходна дискусија. Во овој случај, завршувањето на сите процедури до крајот на декември останува реална опција.

Први јануар 2024 година, според усогласениот текст, се смета за краен рок кога кога граѓаните на Косово би можеле да почнат да го користата безвизниот режим, а до укинување на визитем како што пишува РСЕ може да дојде и порано ако европскиот информативен систем – ЕТИАС биде целосно функционален, како што планира ЕУ до крајот на следната година.

Инаку, ЕТИАС е систем за давање овластување за патуваат во оние земји од Европската Унија кои се дел од Шенген. Конечната одлука за преминување на надворешната граница носи земјата -членка на ЕУ која е прва дестинација.

ЕТИС ќе спроведе таканаречен скрининг пред да патувањето на патниците патници кои уживаат безвизен пристап до земјите од Шенген зоната и на тој начин ќе им овозможи земјите-членки на Унијата да ја укинат дозволата на патниците за кои ќе биде порценето дека претставуваат безбедносна закана или ризик во смисла на нелегална миграција или на јавното здравје.

За да се премине надворешната граница на Шенген, патниците без виза исто така ќе треба да имаат валиден патнички документ и ЕТИАС овластување.

ЕТИАС беше одобрена во 2018 година, но ставањето на овој систем во фунција беше одложено во неколку наврати.

Поврзување на визната либерализацијата со системот ЕТИАС првично побара Франција.