Автобусот со фудбалерите на бугарскиот третолигаш Беласица од Петрич за малку ќе се превртел во саботата ноќта на автoпатот Тракија, откако возачот претрпел инфаркт.
Според информациите на локалните медиуми, вечерта околу 20,40 часот по локално време, при враќање од Панаѓуриште, на возачот на автобусот му се слушило поради што ја загубил контролата над возилотo кое излетало од коловозот, но за среќа не се превртело. Подоцна било утврдено дека возачот кој починал претрпел инфаркт.
„Возачот на автобусоt почина, а фудбалерите и тренерите се здобиле со полесни повреди и се чувствуваат добро. Ќе бидат спроведени дополнителни медицински прегледи“, се наведува во соопштението на официјалната страница на градот Петрич.