вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Карамбол на автопат во Хрватска, горат камиони, двајца загинати (ВИДЕО)

Карамбол на автопат во Хрватска, горат камиони, двајца загинати (ВИДЕО)

Камионите горат, а чадот се гледал и на наплатните рампи во близина на Загреб, а полицијата и брзата помош се на терен. Според последните информации, најмалку две лица загинале.

-Денес, 9 септември, околу 16 часот на А3, 3 км по просторот за одмор во Јежево во источна насока, од засега непознати причини и на неодреден начин се случила сообраќајна незгода помеѓу два камиона и два автомобила, по што избувнал пожар.Истрага ќе се спроведе веднаш штом ќе се исполнат условите, соопшти полицијата.

Во несреќата учествувал еден камион со ознаки на турската компанија Каракуш, може да се види на видеото од несреќата.

Пожарникарите од Дуго Село и Иваниќ Град се на терен.

“Во едниот камион има буриња со непозната материја, веројатно затоа се оние детонации. Имаше пет детонации. Во другиот камион имаше бали хартија, а третиот е камион е со некаква арматура”, изјавиле пожарникарите.

ХАК наведува дека поради сообраќајна несреќа на автопатот А3 Брегана-Липовац помеѓу наплатната станица Загреб-Исток и клучката Иваниќ Град, сообраќајот бил во прекин во двата правци.