понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Марихуана плови во морето во Црна Гора

Марихуана плови во морето во Црна Гора

Рекордни 1,4 тони марихуана заплени црногорската полиција.

Се работи за 1.332 килограми марихуана, која била фрлена во море, а ја пронашле локални рибари од Улцин, 11 наутички милји југозападно од реката Бојана.

Црногорската полиција со часови ја собирала дрогата, која била сместена во 62 големи пакети, кои пловеле во морето.

Првичната истрага укажала дека најверојатно на криумчарите им се расипал чамецот, по што тие одлучиле да се ослободат од марихуаната.