Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на 30-годишен маж од Германија и 23-годишна жена од бугарско потекло.
Нивните тела биле пронајдени во куќата што ја изнајмиле, објави АП.
Покрената е истрага, а телата се префрлени во пристанишниот град Патра, каде што ќе се изврши аутопсија.
Телата на туристите биле пронајдени во новогодишната ноќ.
Тие биле пронајдени од сопственикот на куќата, која ја изнајмиле на 26 декември.