петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ова е боксерот од Црна Гора фатен со 22 тони кокаин: Беше “ѕвер“ во рингот, а сега се соочува со доживотен затвор

Ова е боксерот од Црна Гора фатен со 22 тони кокаин: Беше “ѕвер“ во рингот, а сега се соочува со доживотен затвор

Американското Министерство за правда во понеделникот обвини поранешен боксер во тешка категорија од Црна Гора за шверц на 22 тони кокаин во вредност од над 1 милијарда долари, од кои повеќето биле дел од една од најголемите заплени на кокаин во историјата на САД.

Во прашање е црногорскиот боксер Горан Гогиќ (42). Иако е роден во Пљевље, Горан со години играше за Германија.

Во текот на својата 11-годишна кариера забележа 21 победа, четири порази и две нерешени.

Кариерата ја заврши во 2012 година и оттогаш до денес живееше затскриено, па малку се знае за неговиот живот по боксерската кариера.

Тој повторно се најде во центарот на вниманието по вчерашното апсење на аеродромот во Мајами, кога се обиде да отпатува за Цирих.

-Обвинителството соопшти дека превезувале кокаин од Колумбија преку американските пристаништа, пишува Ројтерс.

Според медиумите, црногорскиот боксер се занимавал со логистика.

Доколку биде осуден, му се заканува доживотен затвор.

Најмалку осум члена се изјаснија за виновни по обвиненијата.

Обвинителот тврди дека апсењето на Гогиќ е голема победа за американското правосудство.