Пред неа е долго закрепнување…
Во петокот поранешната претседателка на Хрватска и член на Меѓународниот олимписки одбор, Колинда Грабар – Китаровиќ беше оперирана на вратот, дознаваат хрватските медиуми. Лекарите и го оперирале вратот, а операцијата поминала во најдобар ред и Колинда уште во саботата била пуштена на домашно лекување. По операцијата ќе и бидат потребни неколку месеци за да закрепне.
Таа беше на операција, за да и се намали притисокот на дискот врз нервните нерви, односно ‘рбетниот мозок, пушува Јутарњи лист.
Инаку, пред три години, лекарите ја предупредиле поранешната претседателка дека мора да забави со претседателските должности поради дискус гернијата која пронашле во цервикалниот ‘рбет, а исто така и откриле и помала хернија во долниот дел на ‘рбетот.
Тпгаш немала потреба од операција, а поранешната претседателка замина на на физикална терапија поради болката која и се ширела од вратот до десната рака.