вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пред една година беше најсреќна, денес е завиена во црно: Мисицата објави емотивна фотографија посветена на убиениот сопруг

Пред една година беше најсреќна, денес е завиена во црно: Мисицата објави емотивна фотографија посветена на убиениот сопруг

Поранешната мисица на Србија, Сања Папиќ пред точно една година, во седмиот месец од бременоста, на вечна љубов му се заколна на адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ, кој пред повеќе од една недела беше убиен пред својата зграда.

Сања на денешен ден беше неизметно среќна, за што сведочат и фотографиите од Париз каде се венчале далеку од очите на јавноста, а кои таа денес ги објави. Трагедијата која им се случи ги спречи познатиот адвокат и екс мисицата заедно да ја прослават првата годишнина од бракот.

Драгослав Огњановиќ беше погребан на 1 август на гробиштата во Белград.