вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рекорден број на новозаразени во БиХ за еден ден

Рекорден број на новозаразени во БиХ за еден ден

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, тестирани биле 1.669 примероци и се потврдиле  363 нови случаеви на корона вирус. Исто така биле пријавени  8 смртни случаеви и 212 оздравени лица, пренесува N1.

Од почетокот на пандемијата тестирани биле 135.730 лица, а корона вирусот бил потврден во 11.109 случаеви. Вкупно 314 лица починале , а оздравиле 5.423.

Бројот на активни случаеви е 5.327.