Противпожарните и хеликоптерски екипи во Словенија вчера успеаја да го санираат оштетениот насип на реката Мура кај селото Долња Бистрица, а неколку стотици жители се вратија во своите домови.
Словенечкиот воен хеликоптер и хеликоптерот испратен од Хрватска поставија бетонски блокови долж оштетениот насип во должина од 20 метри, јави словенечката агенција СТА.
Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец ја посети областа, велејќи дека екипите работеле во текот на ноќта по пробивањето на насипот во саботата.
Шарец ги пофали силите за цивилна заштита во регионот и ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до насипот. Министерот истакна дека хрватскиот хеликоптер прв пристигнал да и помогне на Словенија, а Унгарија испраќа и хеликоптер и инженерски тим.
Се испумпувала вода од поплавените куќи, а долж насипот за заштита се поставени вреќи со песок, бидејќи се стравува од поплави по целата река Мура.