четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Страшна трагедија пред Нова година: Изгореа бебе и 2 годишно момче

Страшна трагедија пред Нова година: Изгореа бебе и 2 годишно момче

Во моментот на трагедијата мајката била во едната соба, а децата во другата соба. Кога го слушнала плачот на момчето, ја отворила вратата на детската соба, но таа не можела да влезе, бидејќи огнот бил распламнет насекаде.

Во една страшна трагедија денес во селото Породин кај Жабар, две деца изгореа во една куќа, едно девојче на една година и едно момче од две години, јавува “Блиц”.

За жал, според се уште непроверени податоци, до пожарот дошло кога мајката на децата излегла по дрва, а жар паднал од печката, по што огнот се проширил на целата куќа.

Во моментот на трагедијата мајката била во едната соба, а децата во другата соба. Кога го слушнала плачот на момчето, ја отворила вратата на детската соба, но таа не можела да влезе, бидејќи огнот бил распламнет насекаде.

Мајката отрчала кај соседите кои ги повикале пожарникарите, кои го изгаснаа огнот и ги пронашле малите бебиња. Се претпоставува дека момчето ја отворило вратата на шпоретот и дека жар паднал на подот и ја зафатил просторијата.