Вишиот суд во Смедерево му го продолжи притворот на Р.Б за нови 30 дена. Тој е таткото на монструмот Урош кој уби девет и рани 11 лица на територијата на Младеновац и Смедерево.
Обвинителството на 3-ти јули му предложи на судот Р.Б. да остане во притворот поради сомнение дека ќе го повтори делото, како и поради вознемиреност во јавноста.
Обвинителството го сомничи за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, а тој е приведен заради утврдување на фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син го извршил злосторството.
Р.Б. на рочиштето негирал дека го сторил делото.
При претрес на објектите што ги користел Р.Б. пронајдени се неколку стотини куршуми различен калибар, чаури, по еден пиштол и револвер, еден рачно изработен уред за чкрапало, како и неколку оптички нишани и други разновидни делови за огнено оружје.
Урош на 4-ти мај во вечерните часови со истрели од автоматско оружје убил осум лица, а се обидел да убие уште 12 лица, од кои едното подоцна им подлегнало на повредите.
Се сомнева дека бегајќи од полицијата најпрвин украл автомобил, по што му наредил на таксистот да го вози, заканувајќи му се со бомба.