сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсени две лица: Вака се шверцува марихуана од Албанија во Македонија (ФОТО)

Уапсени две лица: Вака се шверцува марихуана од Албанија во Македонија (ФОТО)

Албанската полиција по претходни добиени сознанија во организирана операција спречи обид за шверц на марихуана во Македонија.

Имено, лицата А.Б ()47 и И.Б (22) преку зелен граничен премин околу 21.30 часот со натоварено живото на кое имало околу 55 килограми марихуана се обиделе на црно да ја преминат границата, со што наркотиците би завршиле во Македонија, пренесуваат албанскитге медиуми.

Од направената истрага е дојдено до информации дека овие лица во соработка со други лица организирано шверцувале марихуана преку зелените гранични премини кон Македонија.

Двете лица се уапсени и извадени пред лицето на правдата.