Актерот Срѓан Жика Тодоровиќ во средата се соочи со најголемата семејна трагедија во својот живот. Неговиот тригодишен син Дејан, кој го чекаа 12 години, почина од синдромот на ненадејна смрт и ги зави во црно своите родители. После смртта на синот само сопругата на Жика, Ана даваше изјави објаснувајќи што се случило во таа црна среда, а сега за првпат се огласи и Жика со порака до сите родители.
-Чувајте ги своите деца, бидејќи никогаш не се знае што може да им се случи – порача Жика.
Неговиот син треба да биде кремиран денеска попладне, по што ќе биде погребан до неговиот дедо, познатиот актер Бора Тодоровиќ.
Инаку Жика, кој е дел од екипата која го снима серијалот „Сенки над Балканот“ ја доби поддршката од сите свои колеги.
-Колегите од серијата се слушнаа со него. Тука сме за него за што и да му затреба. Тешко ни е на сите – рекол Андрија Кузмановиќ.
-Ова е толку страшно што немам зборови – додал Ненад Јездиќ.
Сите негови колеги тешко ја поднесоа веста за смртта на наследникот на Жика Тодоровиќ, кој тој го доби во 49 година од животот. Колегите требаа заедно со него, но и со новинарите во недела да ја изгледаат последната епизода од втората сезона на „Сенки над Балкнаот“, но никој нема сила за тоа, па режисерот Драган Бјелогрлиќ поради трагедијата реши да го откаже дружењето.