недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Украле паричник од количка за бебе, камерата снимила се- уапсени две Бугарки во Белград

ВИДЕО: Украле паричник од количка за бебе, камерата снимила се- уапсени две Бугарки во Белград

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград ги уапсиле 33-годишната Н.С. и 23-годишната С.П., бугарски државјанки, поради постоење сомнение дека извршиле кривично дело кражба.

Постои сомнение дека тие вчера во една продавница ѝ го украле паричникот од џебот на кличката за бебе на една жена.

На осомничените им било одредено задржување од 48 часа и тие, со кривична пријава ќе бидат приведени во Првото основно обвинителство во Белград.