понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

ВНИМАВАЈТЕ: Турист во Грција поминал на црвено, па платил казна од 700 евра, но тоа не е најлошото!

ВНИМАВАЈТЕ: Турист во Грција поминал на црвено, па платил казна од 700 евра, но тоа не е најлошото!

Како изгледа да прекршиш сообраќајно правило во Грција и за тоа да платиш драконска казна по новиот построг закон на Грција, најдобро почувствувал на своја кожа Р.С, турист од Србија.

Р.С. во грчкото летувалиште Калитеа минал на црвено на семафорот, а казната за тоа е парична и изнесува 700 евра, потоа одземање на таблиците во траење од 20 дена, но и одземање на документите на два месеца. Тоа е многу непријатна ситуација ако на море сте отишле со автомобил.

Неговото искуство, грчки портал го споделил преку својата Фејсбук страница.

-Имав сообраќаен прекршок во Калитеа на семафор, на вртење лево минав на црвено. Полицаец на мотор веднаш ме запре после вртењето. некако ми објасни дека документите ќе ми бидат во полициската станица Неа Триглиа. На записникот се гледаше дека чекирал одземање на таблиците на 20 дена и возачката и сообраќајната на 60 дена (иако не ги извади таблиците), го објаснува своето искуство овој возач.

Како што раскажал, средбата со сообраќаецот се случила во сабота, па казната од 700 евра ја платил во пошта дури во понеделник, после што отишол во полициската станица каде му било кажано дека документите нема да му ги вратат, бидејќи таков е законот.

-Ми советуваа да напишам молба и да дојдам наредниот ден. Следниот ден за жал не сакаа да ми ги вратат документите. Ќе ги пратат на амбасада(не знам чија), а тие на мене ќе ми ги пратат по пошта после 60 дена. Во меѓувреме се јавив и во нашиот козулат во Солун, но тие ништо не можеа ниту да ми објаснат, ниту да ми помогнат – наведува Р.С. во писмото до порталот Грција инфо.