понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во тепачка меѓу мигранти во грчкиот град Патра убиен 20-годишен Авганистанец

Во тепачка меѓу мигранти во грчкиот град Патра убиен 20-годишен Авганистанец

Во тепачка меѓу две групи мигранти, во близина на пристаништето во грчкиот град Патра, животот го загуби 20-годишен Авганистанец. Причините за инцидентот засега се непознати, а според грчките медиуми, полицијата веќе привела 11 лица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според информациите во медиумите во Грција, доцна синоќа, група од околу 70 мигранти, од објектот на една поранешна фабрика се упатиле кон објектот на друга поранешна фабрика каде што во тој момент имало околу 20 мигранти. Во еден момент започнала тепачка со камења меѓу двете групи, а во пределот на главата бил повреден младиот Авганистанец. Тој бил пренесен во болница, но набрзо им подлегнал на повредите

Грчката полиција работи на расветлување на случајот, откривање на причините за инцидентот, пронаоѓање на виновниците, а во меѓувреме се чека обдукцијата за причините за смртта на мигрантот.

МИА