сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Закана за поставен експлозив на аеродромот во Приштина

Закана за поставен експлозив на аеродромот во Приштина

Портпаролката на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, Ваљентина Гара, потврди дека попладнево добиле закана за бомба.

– Потврдуваме дека добивме закана за бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и безбедни. Тимовите вклучени во планот за вонредни состојби се ангажирани во извршувањето на нивните задачи, рече Гара.

Како што пренесува Бета, ова е една од десетината закани кои беа упатени кон овој аеродром, и сите беа лажни.