вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкара: Преговорите Русија-Украина веројатно нема да продолжат утре

Анкара: Преговорите Русија-Украина веројатно нема да продолжат утре

Малку е веројатно дека украинската и руската делегација ќе се сретнат на утрешните планирани разговори, бидејќи барањата на Москва за прекин на инвазијата се „нереални“, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

-Најверојатно нема да се сретнат утре. Можно е да биде одложено за неколку дена, ние сме во контакт со преговарачките тимови, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Тој изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го запре нападот, увидувајќи ја економската штета што и ја нанесува на Русија.

Зборувајќи за украинските услови за натамошни разговори со Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е неопходно прво да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса. (МИА)