понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкета: Австријците против проширување на ЕУ

Анкета: Австријците против проширување на ЕУ

Пред преземањето на претседавањето со Европската унија, Австријците се изјаснија против понатамошно ширење на Унијата, покажуваат резултатите од анкета на институтот Аконсулт.

Дури 73 отсто Австријци одбиваат прием на нови држави во ЕУ, а само 19 отсто имаат позитивен став за понатамошни ширење на пример, со држави од Западен Балкан.

Кога станиува збор за бегалци, 54 отсто веруваат дека ЕУ нема да може да изнајде заедничко дејствување и истровремено, 35 отсто се уверени дека ќе има единствено решение.

Ако основачите на ЕУ по пример на САД, основале Обединети држави на Европа, само 14 отсто би биле за членство на Австрија, а 78 отсто против.

МИА